Олмо: Не ми е гајле со кого ќе играме во финалето!

146

Стрелецот на победничкиот гол за Шпанија на синоќешното полуфинале, Дани Олмо, по натпреварот изјави дека не му е битно со кого ќе имаат средба во битка за европската титула.

„Сега сме многу блиску до нашата цел, всушност сме чекор поблиску до титулатаа. Имаме неверојатен тим – работевме многу напорно за да го постигнеме сето ова. Пред се, сакам да кажам, заслужуваме да бидеме во ова финале. Каков одличен натпревар штотуку одигравме. Не ми е гајле со кој ќе играме во финалето – Англија или Холандија, сеедно“, изјави шпанскиот репрезентативец.

ПретходноКопа Америка: Меси блесна со гол за финале на Аргентина
СледноЧовек од обезбедувањето го удри Мората во коленото обидувајќи се да отстрани навивач од теренот (ВИДЕО)