Србија се подготвува за кошаркарскиот турнир на ОИ во Париз ова лето. Јасно е дека атмосферата во тамошната јавност е еуфорична ако се знае дека во составот е и Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот. Со него во тимот јавноста во Србија смета дека ќе можат да се победат и Американците и да се дојде до златото.
Токму затоа селекторот Светислав Пешиќ денеска на пресот на новинарите им напомена да ја “спуштат топката“:
“Не треба да се палите, немојте да го палите народот. Треба да се објасни како навистина се работите а не тоа дека можеме да ги победиме Американците. Ние тоа не го говориме, смирете се малку“ посочи Пешиќ.