На околу еден час до стартот на мечот во Братислава, прв од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Слован и Струга ТЛ, познати се стартните состави. Натпреварот почнува од 19 часот на “Техелне Арената“ во Братислава а правдата ќе ја дели Стефани Фрапарт од Франција.
Тренерите Владимир Вајс и Ќатип Османи ги “открија“ картите. Ова се стартните состави на двете екипи:
Нашиот шампион овој меч во нападот ќе го започне со Ибраими и Малески, Радески и Компаоре се на клупата.
Кај Слован во составот го нема Тигран Барсегјан, но затоа тука се Стрелец, Мак, Вајс и Куцка.