Прв пат во историјата Италијанец и Италијанка ќе играат во полуфиналето на Вимблдон. Тоа се Јасмин Паолини и Лоренцо Мусети.
Паолини се пласира меѓу четирите најдобри во женскиот дел од Вимблдон по триумфот над Наваро со 2-0 по сетови 6-2 и 6-1. Во полуфиналето таа ќе игра со Дона Векиќ од Хрватска.
Другото полуфинале го сочинуваат Крејчикова и Рибакина.
А Мусети со 3-2 во сетови го елиминира Томас Фриц од САД. Во исцрпувачки меч Фриц го доби првиот сет, следните два ги доби Мусети, следуваше изедначување од Фриц и во решавачкиот сет Италијанецот беше убедлив 6-1 и го доби мечот.
Во полуфиналето Мусети ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ кој неколку часа претходно го мина Де Минаур кој се повлече поради повреда.
Во другото полуфинале ќе играат Карлос Алкарас и Данил Медведев.