Само на Копа Америка: Ова се вика глума…! (ВИДЕО)

312

Утринава во полуфиналето на Копа Америка, Аргентина со 2:0 успеа да ја победи Канада и да се пласира во големото финале. Секако дека и овој меч не можеше да мине без контроверзни ситуации. Најмногу се говори за глумењето на Родриго де Пол, играчот за врска на Аргентина, кој во неколку наврати ги „извади од такт“ сите присутни на стадионот, но и оние покрај ТВ екраните.

Имено во 63.минута падна како покосен откако стартуваше противничкиот играч. За тоа Канаѓанецот доби жолт картон, а од снимката се гледа де Де Пол воопшто не бил ни допрен.

Каква глума? Ова го има само на Копа Америка.

ПретходноПознати се стартните состави: Струга ТЛ во нападот со Ибраими и Малески…
СледноХамес Родригез се враќа во Мадрид, ама не во Реал?!