Во првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ, Струга ТЛ вечерва во Братислава загуби со 4:2 на гости кај Слован. По не така добро првото полувреме кога домашните имаа водство од 2:0, во вториот дел нашиот шампион беше одличен, преку Бесарт Ибраими постигна два гола за 2:2, за да Куцка во 86.минута и во 90+2.минута ги постави конечните 4:2.
Штета, можеше да биде далеку подобар резултат.
Мечот Струга ТЛ и тоа како добро го отвори. Во првите десет минути ја имаше иницијативата, се редеа акции пред домашниот гол. Во 6.минута Бесарт Ибраими од слободен удар го погоди живиот ѕид а одбиената топка ја прифати Укпа, но шутираше покрај голот на Слован. Како што одминуваше времето Слован ја презеде иницијативата, се виде квалитетот на словачкиот состав. Се играше 16.минута кога Вајс се најде сам пред Дујмовиќ и рутинирано стрелаше за 1:0. Во 20.минута Струга ТЛ преку Ристевски израмни,но сепак ВАР реагираше поради офсајд, па овој гол судијката од Франција Стефани Фрапар, го поништи. Во 36.минута Слован зголеми на 2:0 со голот на Мак.
Нема што, рутинирано Слован дојде до убаво водство со кое се заминана пауза.
Во второто полувреме во игра влегоа Радески и Спировски, а Кривањева шутираше од далечина во рамките на голот, но Трновски беше на своето место.
ГООООЛ….Бесарт од пенал намалува на 2:1
И тогаш во 55.минута Бесарт Ибраими беше фаулиран од Паушек во казнетиот простор на Слован. Фрапар веднаш покажа на белата точка, а Бесарт сам ја презеде одговорноста и погоди за 2:1.
Секако дека ова е добар резултат со оглед на фактот што се случуваше на теренот.
По тој гол Слован повторно тргна нешто поагресивно, имаше свои акции и закани. Од друга страна Струга ТЛ по тој гол на Ибраими како да ја зголеми самодовербата во своите редови.
И тоа како ако сезнае дека Струга ТЛ во 66. И 66.минута во два наврати, преку Радески и Ибраими опасно се заканија за израмнување, штета што не дојде до тоа.
Но дојде во 74.минута кога по една акција на Шабании Радески, одбиената топка дојде до Ибраими кој ја погоди празната мрежа за 2:2.
Супер резултат за нашиот шампион. Струга ТЛ се разигра во второто полувреме. Сепак Куцка во 86.минута погоди за 3:2. А во 90+2.минута уште еден гол за 4:2.
Штета.
Реваншот се игра следната среда во Охрид.
1.квалификациско коло во ЛШ (прв натпревар)
СЛОВАН – СТРУГА ТЛ 4:2 (2:0)
Стадион во Братислава. Судија: Стефани Фрапар (Франција). Стрелци: Вајс 16., Мак 36.,Куцка 86., 90+2.(СЛО), Ибраими (п) 55.,74..(СТР).
СЛОВАН: Трновски, Паушeк(61.Медведев), Кашија, Бајриќ, Вимер, Савидис, Куцка, Толиќ(61.Марчели), Вајс, Стрелец, Мак.
СТРУГА ТЛ: Дујмовиќ, Радиќ, Кривањева, Ристевски, Влајковиќ, Воша (90.Илиевски), Јевтoски(90+5.Компаоре), Укпа (46. Спировски), Шабани, Ибраими, (46. Радески), Малески.