Раководните луѓе на Украинската фудбалска асоцијација на денешниот состанок правеа анализа за настапот на Украина на ЕП 2024 година и дискутираа за иднината на селекторот Сергеј Ребров.
Украина не ја помина групата во која сите четири репрезентации завршија со четири бодови. Украинците останаа последнопласирани и не поминаа понатаму.
Раководните луѓе на ФА на Украина на чело со претседателот Андреј Шевченко му дадоа поддршка на Ребров, што значи дека тој останува на кормилото.
„И покрај ситуацијата во државата, фудбалската репрезентација стигна до ЕП. На шампионатот одигра добро и покрај тоа што не ја помина групата. Причината беше лошиот прв меч и поразот од Романија. За жал на следните мечеви не можевме да ја поправиме ситуацијата и покрај тоа што тимот предводен од Ребров освои четири бодови што е најдобар резултат на Украина на ЕП.
Ние му даваме поддршка на Ребров. Тој има задача да го спреми тимот за Лигата на нациите и квалификациите за СП 2026“, соопштија меѓу другото од ФА на Украина.