Македонската младинска машка репрезентација со убедлива победа го започна Европското првенство во Целје. Нашите момци на стартот ја совладаа Црна Гора со 21-31 (5-12). Следен противник е селекцијата на Хрватска, дуелот се игра утре со почеток во 12 часот.
Димитар Узунчев постигна седум гола, зад него беа Субашевски и Калајџиески со по пет гола. Нашите голмани вкупно имаа 11 одбрани, шест запиша Галевски, пет Брестовац.
Ова беше натпревар во кој Македонија доминираше во текот на сите 60. минути, Црна Гора во ниту еден момент не се закани сериозно.
Одлично прво полувреме за младинците. Поведоа со 3-10, дозволувајќи му на противникот да постигне само пет гола во 30 минути. Најголемата позитива во овој дел беше седум гола, покрај 3-10, беше и 4-11, како и 5-12, резултат со кој заврши првото полувреме. Галевски имаше пет одбрани, Брестовац една од седум метри.
На стартот на второто полувреме при 6-13 играта поради црвен картон мораше да ја напушти Марио Стојановски. Црна Гора го искористи овој момент и дојде на минус пет (8-13). Калајџиески со два гола во низа го врати тимот на старите патеки, веќе во 37 минута Македонија водеше со плус осум (9-17).
Црна Гора беше немоќна, на средината на овој период имаше негатива од девет гола (13-22), најава дека победата ќе оди на контото на „црвено-жолтите“. На три минути до крајот, Македонија поведе со двоцифрени 19-29 за потврда на својата класа против Црна Гора. Мечот порано го заврши и Андреј Стојановски поради црвен картон.