Хамес Родригез се враќа во Мадрид, ама не во Реал?!

1753

 

Сензационална вест доаѓа од Колумбија. Имено капитенот на репрезентацијата на Колумбија,Хамес Родригез е во преговори со Атлетико Мадрид. Значи има шанси да се врати во Мадрид, ама не во Реал Мадрид туку да го носи “црвено – белиот“ дрес на “Ванда Метрополитано“.

Колумбиецот кој повторно се врати во врвна форма, инаку некогашен играч на Реал, Баерн Минхен, Евертон во моментов е член на Сао Паоло, гигантот од Бразил.

Според информациите Бразилците би биле задоволни со отштета од 5 милиони евра што секако за Атлетико Мадрид нема да претставува никаков проблем.

ПретходноСамо на Копа Америка: Ова се вика глума…! (ВИДЕО)
СледноКутињо се врати во матичниот клуб