Шок: Новак без борба во полуфиналето, Де Минор се повлече од Вимблдон!

385
Фото: Wimbledon/Twitter

Новак Ѓоковиќ е во полуфиналето на Вимблдон и официјално без да го одигра својот четвртфинален дуел против Де Минор, кој беше закажан за денеска попладне.

Имено последните вести од Вимблдон говорат дека Де Минор се повлекол од натамшните настапи на овој турнир и го предал својот денешен меч против најдобриот тенисер во историјата. Тој имал повреда на колкот и затоа не можел да игра денеска.

Ова е добра вест за Новак кој не само што е во полуфиналето, туку и доби два слободни дена за одмор. Сега Новак ќе го чека подобриот од денешиот меч меѓу Мусети и Фриц.

ПретходноФуриозен старт на ЕП: Младинците ја прегазија Црна Гора во Целје!
СледноМЗТ Скопје се пофали со ново име, Брандон Слај во дресот на шампионот!