Шпанија стана првата репрезентација во историјата на еврпските првенства што победила шест натпревари на еден турнир.
Ова дојде откако ги добија трите натпревари од групната фаза против Хрватска, Италија и Албанија, пред да ги совладаат Грузија, Германија и сега Франција на патот до финалето.
Тие не само што се првата селекција која победила на шест натпревари, туку тоа го направија во последователни натпревари – рекорд што може да се зголеми на седум доколку победат и во финалето.