Ѓорѓи Мојсов: Убеден сум дека може да минеме неколку кола!

973

Утре од 20:30 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, момент за историја. Тиквеш против Бреидаблик во меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ова ќе биде прв европски меч за кавадарчани кои како освојувачи на Купот ќе ја претставуваат Македонија во ова натпреварување.

За тоа што може да се очекува од Тиквеш на утрешниот меч против тимот од Исланд, свое видување на денешниот прес искажа Ѓорѓи Мојсов, стратегот на кавадарчани:

Се надевам дека ќе се видиме ова лето уште неколку пати. Се спремаме за овој историски дуел за Тиквеш во Европа. Имаме доста информации за противникот и мислам дека ако барем 70% го испочитуваме од тоа што се договараме досега дека Тиквеш ќе оди натаму. Ние како клуб и како град сме горди на тоа што градоначалникот Митко Јанчев стои зад клубот. Во Европа клубовите на прават муабет за пари, но кај нас не е така. Ние сме стабилем клуб од финансиска гледна точка и секако дека овој евро настап уште повеќе ќе ја подобри истата. Тиквеш го гледам во Европа и по Дрита, не само против Бреидаблик, убеден сум дека може да минеме неколку кола“ истакна стратегот на Тиквеш.

Во продолжение тој посочи:

Било каква победа утре против Бреидаблик ни оди во прилог. Како за нив така и за нас што се однесува до условите. Играат на вештачка трева, но и тоа не е пресуден момент. Се е до нас, како ние ќе одиграме“ заврши Мојсов.

ПретходноЛоши вести за Реал: Алаба се враќа дури во 2025 година!
СледноАлександар Вареловски: Европа е сама по себе доволна мотивација!