Утринава во полуфиналето на Копа Америка, Аргентина со 2:0 успеа да ја победи Канада и да се пласира во големото финале. Секако дека и овој меч не можеше да мине без контроверзни ситуации. Најмногу се говори за глумењето на Родриго де Пол, играчот за врска на Аргентина, кој во неколку наврати ги „извади од такт“ сите присутни на стадионот, но и оние покрај ТВ екраните.
Имено во 63.минута падна како покосен откако стартуваше противничкиот играч. За тоа Канаѓанецот доби жолт картон, а од снимката се гледа де Де Пол воопшто не бил ни допрен.
Каква глума? Ова го има само на Копа Америка.
lo peor no es la simulación de de paul, lo peor es la amarilla que le sacaron AL CANADIENSE
pic.twitter.com/2aEphhDLn8— mariana (@louisftvans) July 10, 2024