Снимка од тунелот ги збесна Французите: Мбапе „кренал раце“ уште на полувреме (ВИДЕО)

971

Францускиот голгетер Килијан Мбапе се најде на удар на француските навивачи по разочарувачкиот пораз од Шпанија во полуфиналето на Еуро 2024. Имено, по мечот се појави видео снимка на која се гледа дека за време на паузата меѓу двете полувремиња, Мбапе место да се подготува за вториот дел и да најде начин како да ја победта Шпанија, тој менувал дрес со некој од шпанските репрезентативци.

На интернет се прошири видео од тунелот во кое се гледа Мбапе со дрес во рака, кој наликува на шпанскиот, од кој многумина заклучија дека тој веќе на полувремето си разменил дрес со еден од играчите од ривалскиот табор.

Тоа баш не им се допадна на Французите, кои заклучија дека Мбапе се откажал уште на полувремето.

ПретходноШпанија испиша рекорд: Шест победи по ред на едно ЕП
СледноУкпа: Очекувањата се уште поголеми оваа сезона