Браво за Тиквеш: Рутина на Кико, мајсторија на Мартин, бразилски гол за победа! (ФОТО)

1974

 

Тиквеш го победи Бреидаблик со 3:2, имаше 0:2 негатива па дојде до 3:2. Сепак штета, ако беа искористени барем половина од шансите тогаш Бреидаблик ќе си заминеше дома со убедлив пораз, да не кажеме катастрофален.

Сепак и вака е добро. Тиквеш покажа како се игра во Европа, како и во своето европско деби знае како треба.

Беше 0:2, и тогаша ја видовме рутината на Кико Стојкоски за 1:2.мајсторијата од слободен удар на Мартин Стојанов за 2:2 и секако бразилскиот “виц“ на Лео Гуера за победа од 3:2.

Победа за тимотна стратегот Ѓорѓи Мојсов. Сега со овие 3:2 веруваме дека Тиквеш ќе успее да одигра и во реваншот вака и дека ќе дојде на мегдан со Дрита во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноМојсов: Тиквеш покажа само 50% од своите можности, одиме на Исланд да победиме!
СледноИталија ризикува суспензија од УЕФА и ФИФА ако политиката не престане да се меша во фудбалот!