Ван де Бек е нов фудбалер на Џирона

125

Дони ван де Бeк го напушти Манчестер Јунајтед. Како што и беше најавено, тој следната сезона ќе игра за шпанскиот прволигаш Џирона.

Договорот со 27-годишниот играч е до 2028 година.

Беше објавено дека фиксната сума за трансфер ќе изнесува 500 илјади евра. Фабрицио Романо напиша дека благодарение на бонусите, сумата може да достигне 4-5 милиони евра.

Холандскиот играч за врска се пресели во Манчестер Јунајтед од Ајакс во 2020 година за 39 милиони евра. Фудбалерот минатата сезона ја мина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт каде учествуваше на 8 натпревари во Бундеслигата.

ПретходноКрејчикова преку Рибакина до финале на Вимблдон
СледноПолувреме: Бадијала шансите за Тиквеш, Исланѓаните имаат убедливо водство! (ВИДЕО)