Италијанката Паолини по Ролан Гарос ќе игра и во финалето на Вимблдон

67

Италијанката Јасмин Паолини е прва финалистка на Вимблдон, откако во полуфиналето со Дона Векиќ од Хрватска славеше со 6:2, 4:6, 6:7 (8).

28-годишната хрватска тенисерка го загуби најголемиот меч во кариерата по два часа и 50 минути интензивна борба.

Векиќ поведе со 1-0 во сетови, но Италијанката израмни, а во третиот сет во вистинска драма решаваше тај-брејкот кој и припадна на Италијанката.

Паолини до оваа година имаше вкупно четири сингл победи на Грен слем турнирите, а сега во рок од еден месец успеа да влезе во финалето на Ролан Гарос и во финалето на Вимблдон.

Во второто полуфинале се среќаваат четвртата носителка Елена Рибакина од Казахстан и Барбора Крејчикова од Чешка.

ПретходноСилекс се засили со Кочоски и интернационалец од БиХ!
СледноСамо едно сценарио ги води младинците во Топ 8 на ЕУРО