Познато е кој ќе го суди финалето на ЕУРО!

473

 

И официјално познати се судиите кои ќе го судат финалето на ЕУРО 2024 меѓу Шпанија и Англија кое се игра во недела во Берлин. Главен судија ќе биде Франсоа Летесие од Франција, додека негови помошници ќе бидат Муњие и Рахмуни, исто од Франција. Четврти ќе биде Шимон Марчињак од Полска.

Во ВАР собата главен ќе биде Жером Брисард (Франција), а покрај другите секако и неизбежниот Масимилијано Ирати од Италија.

Натпреварот,односно големото финале е закажано за 21 часот во недела на Олимпискиот стадион во Берлин.

ПретходноМЗТ Скопје го продолжи договорот со Марко Баковиќ!
СледноВечерва се испишува историја, европскиот Тиквеш на мегдан со Бреидаблик!