Се врати во својата Битола: Мирко Ивановски во нападот на Пелистер! (ВИДЕО)

252

Официјално. Мирко Ивановски (34) се врати во својата Битола, се врати во својот Пелистер. Попладнево повратникот во елитата го промовираше, со интересно видео, своето ново засилување за настапите во ПМФЛ следната сезона.

Се разбира дека Ивановски ќе биде големо засилување за тимот на Влатко Костов. Со своето искуство и квалитет, секако дека Мирко ќе значи многу за овој Пелистер.

WELCOME HOME MIRKO

Нашиот најдобар играч е тимот, а во него секогаш има лидери, идејни водачи, капитени. Меѓу оние кои го чувствуваат дресот, го знаат култот на Пелистер и неговата историја е нашето најново засилување. Напаѓачката улога во сезоната 2024/25 му ја доверивме на поранешниот репрезентативец на Македонија, Мирко Ивановски. Тој денес се обврза на потпис на договорот со матичниот клуб и неговото враќање посебно го радува нашето фудбалско семејство и армијата навивачи.

34-годишниот напаѓач повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во нашиот дрес и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров. Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. Тој настапуваше за шест романски клубови: Петролул, Клуж, Астра Ѓурѓу, Конкордија, Динамо Букурешт и Тунари.

Неговиот фудбалски пат го водеше во Чешка, Полска, Турција, Хрватска, Унгарија. Настапуваше за: Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диосѓер…

За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и започна со тренинзи со фудбалерите на Пелистер.

 

Се вели во соопштението на повратникот во ПМФЛ.

ПретходноНа барање на Свонси, Вардар ќе одигра пријателска со овој клуб!
СледноОва ни ВАР не го виде: Дали е ова најголемата измама на ЕУРО? (ВИДЕО)