Смилковски: Свесни сме за тежината на националниот дрес! Да бидеме најдобрата верзија!

139

Од 13. до 21. јули во Гдиња, на едно место најдобрите млади кошаркари во Европа, во обид да дојдат до што подобар пласман на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 20“ години.

Една од нив ќе биде и репрезентацијата на Македонија, која за место во ТОП 16 се избори една година порано, на шампионатот на кој ние бевме во улога на организатори.

Селекторот Боро Смилковски е пред голем предизвик да го задржи континуитет на играње во друштвото на најдобрите млади играчи на Стариот континент.

„Успешно затворивме мини-циклус на подготовки во кој одигравме и шест пријателски натпревари. Задоволни сме од сработеното, играчите максимално посветени ги одработија овие подготовки и како стручен штаб сме навистина сме благодарни за нивната доверба во нашата работа. Проблемите со повреди полека ги надминавме, со исклучок на повредата на нашиот Метин Саити, играч чија енергија навистина ќе ни недостасува, како на теренот, така и во соблекувалната. Неговото место ќе го пополни талентираниот Марко Луканоски, а конечниот список на патници го утврдивме буквално пред заминувањето за Полска. Наша констатација е дека физички и техничко-тактички сме спремни за турнирот“, изјави Смилковски.

Јасно е дека основната цел е давање на максимумот од своите мошности, и одбрана на тешко стекнатиот статус, место во елитната младинска репрезентативна кошарка.

„Свесни сме за тежината на националниот дрес и што тоа значи да си меѓу избраните да ја претставуваш својата држава. Ветуваме дека ке го дадеме својот максимум, да покажеме дека можеме да играме добра кошарка. Да бидеме најдобрата верзија од себе е се што барам од играчите, сметам дека тоа е доволно да ја постигнеме нашата цел, а тоа е опстанок во ‘А’ дивизијата. Тоа е и нашата одговорност кон идната генерација што доаѓа“.

Според системот на натпреварување, вкупно 16. национални селекции се поделени во четири натпреварувачки групи, во кои сите тимови (13-15.јули) ќе одиграат по три натпревари.

Во зависност од пласманот во првата фаза, се формираат и двојките за првата елиминациска фаза – 1/16 финалето. Во директни елиминациски натпревари ќе бидат познати и осумте учесници во четвртфиналето, потоа полуфиналетo и финалето кое ќе се игра на 21.јули.

Поразените во првиот елиминациски круг, ќе се борат за плaсмaн од 9. до 16.позиција на шампионатот.  Со оглед на тоа дека Грција е домаќин на наредниот ЕП од Дивизијата „А“ во 2025 година, доколку заврши на некоја од позициите од 14. до 16, „преселба“ во Дивизијата „Б“ ќе има само селекциите кои ќе завршат на една од тие позиции.

МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОБАСКЕТ ВО ПОЛСКА

Андреј Шошкиќ     бек     190 см

Михаил Стојанов  плејмејкер  184 см

Ненад Јовановиќ   плејмејкер  182 см

Лука Димитриевски         плејмејкер  184 см

Петар Бошалески  бек     196 см

Грегориј Јакимовски       крило 195 см

Никола Бојчев        крило 194 см

Тома Стојаноски   крилен центар       200 см

Павел Иванов        крилен центар       203 см

Теодор Симиќ        центар           215 см

Марко Луканоски центар           208 см

Ангел Кечовски     бек     186 см

СЕЛЕКТОР: Боро Смиловски

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Миодраг Тодоровиќ

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Методија Бешлиоски

КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Матеј Јовановски

ПретходноУЕФА му забрани на ФК Сараево да го користи цветот од Сребреница!
СледноШкендија денеска во Ерменија кај силниот Ноа ја започнува својата нова европска авантура!