Се разбира дека кога твоето дете, на само 16 години, е во центарот на европскиот фудбал на ова ЕУРО тогаш секако дека си презадоволен. Така и Мунир Насрави, таткото на Ламине Јамал. Тој по фантастичните игри на својот син говореше за медиумите во Шпанија:
„Кога се роди знаев дека ќе биде ѕвезда. Секој татко тоа го знае и секој татко сака својот синда биде најдобар. Му посакувам се најдобро во животот, се надевам дека со своите репрезентативни колеги ќе го освои ЕП и дека сите ќе се радуваме што Шпанија ќе биде првак на Европа ако во финалето ја победи Англија“ рече таткото на Јамал.