Утре од 19 часот на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, нашата најдобра женска селекција во квалификациски меч ќе ја пречека селекцијата на Летонија. Тоа ќе биде наш претпоследен дуел, на 16 јули играме со Словенија на гости, но ако утре славиме над Летонија ќе ја завршиме групата како втори и ќе играме бараж. Да потсетиме дека на гости славевме кај Летонија со 4:3.
Нашата најдобра фудбалерлка Наташа Андонова со оптимизам гледа на овој утрешен меч:
“Ова ќе биде четврти меч против Летонија, минатите три ги добивме. Сепак секој натпревар е различен, но овој меч е со поголем притисок зошто ако победиме, не, ќе победиме, ќе играме бараж. Има некои од девојките кои не се научени да играат под таков притисок, но за тоа имаме психолог во екипата кој што работи со нас секојдневно и јас сум сигурна дека ќе извадиме максимум од нас и за првпат во историјата ќе се пласираме во еден бараж“.
Факт е дека ќе бидеме ослабени. Нема да играат Рочи и Маер:
„Ќе се обидеме нивното отсуство, но сепак недостатокот на Рочи е огромен затоа што таа е извонредна фудбалерка која што има дадено многу голови и асистенции и многу има дадено за оваа репрезентација. Искрени многу ќе ни недостастува и жалам што не е тука, но еве јас прва ќе играм утре за неа затоа што знам и дека и таа има огромна желба да бидеме втори во групата и да играме бараж. Маер исто така е добра фудбалерка која поради картони нема да може да игра, но ќе гледаме и за не ада одиграме, а и за оние кои ќе се пензионираат. Имаме многу мотиви утре да го дадеме максимумот и на еден достоен начин да се простат од оваа репрезентација. На крај да кажам дека ќе одиме максимално на овој меч, убедена сум дека ќе извојуваме победа“ заврши Андонова.