Бојиќ се врати во Македонија, го облекува дресот на Пелистер

172

Некогашниот кошаркар на МЗТ Скопје А., Андрија Бојиќ повторно се врати во македонското првенство. Тој денеска се договори со екипата на Пелистер и ќе го носи дресот на битолските „зелено-бели“ во текот на наредната сезона.

Бојиќ минатата сезона беше член на Спартак Суботица и имаше настапи против македонските тимови кои настапуваа во АБА 2 лигата. Сезоната во АБА 2 лигата ја заврши со просек од 15 поени по натпревар, што значи дека ќе биде добро засилување за битолчани во пресрет на новата сезона.

ПретходноПолувреме: Бадијала шансите за Тиквеш, Исланѓаните имаат убедливо водство! (ВИДЕО)
СледноФОТО ВЕСТ: Милевски во ложата на Арена во конверзација со новинари!