Вечерва се испишува историја, европскиот Тиквеш на мегдан со Бреидаблик!

419

Вечерва и дефинитивно се испишува историја кога е во прашање Тиквеш. Имено по долги, долги години, кавадарчани откако го освоија Купот на Македонија, вечерва од 20:30 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции протиб Бреидаблик, за првпат ќе играат во Европа.

Ждрепката сакаше токму тимот од Исланд, кој лани ја елиминираше Струга ТЛ во плеј – офот во Лигата на Конференции и играше во групната фаза на ова натпреварување, да биде првиот ривал во Европа за нашиот Тиквеш. Реваншот се игра следниот четврток на Исланд, а однапред се знае дека кој ќе победи на овој двомеч, за ривал во следната рунда ќе ја има косовска Дрита.

Секако дека македонската јавност посакува тоа да биде Тиквеш.

May be an image of 4 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'ARETEAM TEAM KYN ФИHAЛE E Bekov'

Ние планираме ова лето да минеме неколку кола во Европа“ беа дел од зборовите на стратегот на кавадарчани Ѓорѓи Мојсов. Оптимист како и секогаш, има верба во својата работа и во своите избраници.

Факт е дека Тиквеш ова лето осетно се засили, сега ростерот е поголем, квалитетот е тука, но сепак јасно е дека против Бреидаблик нема воопшто да биде лесно, силна е тоа екипа.

Од друга страна Тиквеш како и на она финале од Купот против Воска, кога славеа со 2:1, ќе ја има поддршката од трибините. Се очекува околу 4.000 фанови да навиваат за Тиквеш од трибините на Арената вечерва во Скопје и со тоа да им помогнат на своите миленици да дојдат до победа, прва во првиот свој европски настап.

Како што веќе напоменавме. Овој историски натпревар се игра вечерва од 20:30 часот а главен судија ќе биде Џереми Милер од Луксембург.

Напред Тиквеш!

ПретходноПознато е кој ќе го суди финалето на ЕУРО!
СледноЗарем е можно? И дефинитивно Пикси останува селектор на Србија!