Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Роналд Куман е разочаран од начинот на кој неговата селекција се прости од Европското првенство. По натпреварот имаше храброст да каже што мисли, зборуваше многу негативно за судењето иако знае дека може да биде казнет.
Во Холандија негодуваат на судењето на Феликс Цвејер и останатиот дел од германскиот судиски тим, особено поради досудениот пенал за Англија.
Контактот меѓу Кејн и Дамфрис дојде дури откако Англичанецот шутна и кога топката веќе беше далеку.
„Одлука е… Што да правиш како дефанзивец? Ова не е пенал. Дамфрис сакаше да ја блокира топката, Кејн шутна и го удири во нога. Го уништуваат фудбалот со вакви одлуки, поради ВАР.
Имам чувство дека нашите играчи беа нервозни поради судењето. Мислам дека носеа одлуки на многу глупави работи. Кога англиските играчи така ќе паднат во својата земја, не се фаулираат, но денес тоа го направија.
Имаше многу пати кога нешто не беше како што треба, но не загубивме поради тоа. Загубивме затоа што тие постигнаа величенствен гол за 2:1. Понекогаш мислев дека судијата е премногу лесен за да напише фаули кои не постоеја“, рече Куман.
Во секој случај, нема враќање назад. Англија е во финалето, а на 14 јуни во Берлин противник ќе и биде селекцијата на Шпанија која во полуфиналето ја елиминира Франција.