Мојсов: Тиквеш покажа само 50% од своите можности, одиме на Исланд да победиме!

1490

Тиквеш вечерва ја извојува својата дебитантска победа во европските купови. Со голем пресврт о второто полувреме на мечот со исландски Бреидаблик, кавадарчани на крајот дојдоа до победа од 3:2 и со предност ќе патуваат на гостински терен по седум дена.

По мечот, на прес-конференцијата своето размилсување за средбата го даде тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов.

„Јас на полувреме им реков на играчите дека ќе биде греота за сите нас ако не иизедначиме, барем на 2:2. Го имавме и оној психолошки момент кај некој играчи. Јас знам како можат да изиграат ама…. дали дека е во прашање Европа, дали е нешто друго? Сфатија дека сме екипа која мозже да направи чудо. Тиквеш може многу многу повеке од ова. Тиквеш денеска покажа само 50% од своите можности. Клубот е среќен што има вакви навивачи што секогаш се тука и кога и од свој џеб даваат пари за да не бодрат… Одиме и во четврток да победиме, нема да се праниме, напротив. Знам дека сега ќе не гледат со други очи. Тие се екипа што не е навикната да губи. Ќе се замислат сигурно“, вели тренерот на Тиквеш.

ПретходноФантастичен Тиквеш, од 0:2 до 3:2 и победа на своето европско деби! (ВИДЕО)
СледноБраво за Тиквеш: Рутина на Кико, мајсторија на Мартин, бразилски гол за победа! (ФОТО)