Францускиот шампион ПСЖ понудил сума од 200 милиони евра за две ѕвезди на италијанскиот прволигаш Наполи. Како што објави „Кориере дело Спорт“ од Париз во канцеларијата на претседателот Де Лаурентис стигнала понуда во висина од 200 милиони евра која ПСЖ ј апонуди за ѕвездите на наполитанците, напаѓачот Виктор Осимхен и крилниот напаѓач Квича Кварацхелија.
Не е тајна дека италијанскиот клуб е подготвен да го пушти Нигериецот да си замине, но за Грузиецот, Де лаурентис се уште е на ставот дека не е на продажба. ПСЖ сака да ги купи двајцата играчи заедно и затоа не сака да ја двои понудата.
Пред една година ПСЖ сакаше да го купи Осимхен за 150 милиони евра, а за Кварацхелија во јуни беа понудени 110 милиони.