На 27 јули во Австрија, Вардар ќе одигра пријателска средба со Свонси, членот на Чемпионпшип. Натпреварот е закажан и тоа на барање на првите луѓе на клубот од Велс, некогашен член на Премиерлигата.
Инаку експедицијата на Вардар од вчера е во Раденци (Словенија) каде играчите и стручниот штаб на чело со Горазд Михаилов ќе ја одработат најважната фаза од тековните подготовки.
Треба да се каже дека покрај пријателската со Свонси, Вардар ќе одигра уште неколку вакви контролни натпревари.