Многу контроверзи имаше околу тоа дали пеналот за Англија синоќа против Холандија беше исправно досуден или не. Да потсетиме дека токму по тој пенал Англија израмни на 1:1 со голот на Кејн, врз кого и беше направен пеналот, за да победата за Англија ја донесе Оли Воткинс со гол во последните секунди од средбата.
Секако дека Холанѓаните беа и сеуште се гневни, потоа со став излезе и УЕФА, но дали навистина се беше регуларно? Дали ова е најголемата измама на ЕУРО 2024.
Посебно ако се види видеото во кое убаво се гледа дека момент пред да Дамфрис го фаулира Кејн, Букајо Сака игра со рака.
Погледнете и уверете се:
According to the Swedish ex-referee Jonas Eriksson it should be handball x 2 on Saka before the penalty. No penalty pic.twitter.com/MiwXFSLBIw
— Jodå! (@sundeto91) July 10, 2024