Овие дресови чинат по 170 евра и веќе се распродадени! (ФОТО)

176

Вистинска “Мбапеманија“ владее во Мадрид и меѓу фановите на Реал Мадрид.Имено денеска распродадени се сите дресови на Килијан Мбапе со бр.9 на Реал Мадрид. Како што известуваат медиумите од Шпанија, ова никогаш претходно не се случило. Досега за ниту еден дрес на играч на Реал немало такво побарување.

Првата пратка е распродадена, па сега Реал е во проблем,имено треба извесно време да се добие следната пратка од овие дресовои со името и бр.9 на Килијан Мбапе.

Image

Се чини дека ако се суди според интересот за овие дресови на Мбапе во текот на првиот ден, тогаш јасно е дека ќе се урнат сите можни рекорди.

Инаку промоцијата на Мбапе на “Сантијаго Бернанеу“ ќе се одржи на 16 јули во 12 часот.

ПретходноФилип Поповски ќе биде делегат на финалето на ЕУРО 2024!
СледноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД МИЛИОН ДЕНАРИ, ИЗГРАДИ ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ