Османи и Шабани по поразот во Братислава: Ние сме оптимисти, тие 4:2 не се недостижни!

178

Се чини дека нашиот шампион испушти голема шанса со добар резултат да се врати од Братислава, од првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Посебно ако се знае дека до 86.минута резултатот беше 2:2, но потоа Слован даде два гола и на крајот мечот заврши со 4:2 за словачкиот тим. Па така сега Струга ТЛ на реваншот во Охрид ќе има тешка задача да ја достигне овој минус.

По мечот свој коментар имаа тренерот Ќатип Османи и капитенот Буњамин Шабани.

И покрај тие 4:2 за Слован јас сум оптимист, тој резултат не е недостижен за нас на реваншот во Охрид. Против нас имаме силен тим, тоа се виде на теренот, знаат како да го свртат резултатот во своја корист. Сепак, како што реков Струга ТЛ ќе го даде својот максимум како би ја анулирале оваа разлика од два гола“ посочи Османи.

Капитенот Шабани посочи дека навистина жали за овој пораз:

Жалам за овој пораз зошто навистина прикажавме добра игра, посебно во второто полувреме кога успеавме да дојдеме до 2:2. Научивме многу од овој меч, посебно ќе извлечеме поуки од тие последни минути и верувам дека на реваншот во Охрид подобро ќе се снајдеме“.

ПретходноКако ниту еден Европеец: Кејн испиша историја
СледноШК Мулти Есенс се позиционираше меѓу фаворитите по пет одиграни кола