И официјално познати се судиите кои ќе го судат финалето на ЕУРО 2024 меѓу Шпанија и Англија кое се игра во недела во Берлин. Главен судија ќе биде Франсоа Летесие од Франција, додека негови помошници ќе бидат Муњие и Рахмуни, исто од Франција. Четврти ќе биде Шимон Марчињак од Полска.
Во ВАР собата главен ќе биде Жером Брисард (Франција), а покрај другите секако и неизбежниот Масимилијано Ирати од Италија.
Натпреварот,односно големото финале е закажано за 21 часот во недела на Олимпискиот стадион во Берлин.