По првите 45 минути на дуелот во ерменија меѓу екипите на Ноа и Шкендија нема голови (0:0). Видовме прво полувреме во кое во најголемиот дел и двата тима не се одлучија да ризикуваат премногу, па главно се внимаваше на дефанзивата и се играше цврсто во средниот ред.
Сепак, во завршните минути видовме неколку убави моменти и на дете страни, но мрежите останаа да мируваат. Останува да видиме што ќе се случува во второто полувреме на овој прв меч од 1. квалификациско коло во Конференциската лига.