Невиден хаос го одбележа полуфиналето на Копа Америка, во кое Колумбија го победи Уругвај со 1-0 и се пласираше во финалето каде во понеделник ќе игра против Аргентина. Но, по натпреварот никој не зборува за фудбал, туку за невиденото дивјаштво кое следеше.
Семејствата на играчите на Уругвај беа на трибините опкружени со навивачи на Колумбија. По натпреварот Дарвин Нуњез, напаѓачот на Уругвај и Ливерпул забележал дека Колумбијците физички ги напаѓаат членовите на неговото семејство, меѓу кои и малите деца. Бесен се качи на трибината и со тупаници се проби низ десетици колумбиски навивачи до своите најблиски.
Сега се појави уште една таква снимка. На него се гледа како Мина Бонино, партнерката на Валверде, бега со дете во раце за да се спаси од хаосот што владееше на трибината каде што седеше. Бонино со асот на Реал и Уругвај има два сина. Едниот има 4 години, а другиот само што наполни една година.
That woman that’s holding her kid is Fede Valverde’s partner. She got a cup or bottle thrown at her. If it wasn’t for the guy in front that hits her kid… Truly shameful pic.twitter.com/2hTP7DWYNG
— Elmer Guzman (@ElmrG94) July 11, 2024