По убедливиот старт на ЕП македонските ракометари денеска на мегдан со Хрватска (ЛИНК)

185

Македонската младинска ракометна репрезентација денеска (12 часот) во Целје го игра вториот натпревар на Европското првенство У20. Избраниците на Раде Стојановиќ за противник ја имаат селекцијата на Хрватска.

Победа за нашиот тим значи дека ќе игра за првото место во групата која носи билет во најдобрите осум репрезентации на овој шампионат.

Нашите момци зад себе го имаат убедливиот триумф над Црна Гора од 21-31, додека пак Хрватска беше поразена од Австрија со 23-27.

Натпреварите на македонската репрезентација можете да ги гледате на ЕХФТВ, но за тоа ќе треба да креирате свој профил, постапката е едноставна.

ЛИНК за мечот Македонија – Хрватска.

ПретходноКуман: Фудбалот е уништен!
СледноКако ниту еден Европеец: Кејн испиша историја