Само едно сценарио ги води младинците во Топ 8 на ЕУРО

1440

Македонската младинска ракометна репрезентација по победата над Црна Гора и денешното реми против Хрватска, во друштвото на Топ 8 на Европското првенство може да се најде само со победа против Австрија во сабота, меч кој се игра во 14:20 часот. Реми или пак пораз на последната средба од групната фаза значи дека ќе игра за пласман од 9-16 место.

Австрија пред малку ја совлада Црна Гора 34-18 и не остави многу простор за нешто повеќе. Покрај овој триумф, Македонија не може да влезе во главната рунда како најдобро второпласирана екипа. Тука тоа ќе биде или Португалија која денеска ја совлада Србија или Германија на која за таа цел и треба победа над Грција. И од групата „Б“ кандидатите се Франција и Фарски Острови. За ова се чека целосен расплет.

Нашите момци денеска покажаа карактер, губеа со седум гола разлика на стартот на второто полувреме, а потоа се изборија за реми. Токму оваа игра во ниту еден случај не може предвреме да им го земе сонот за Топ8.

ПретходноИталијанката Паолини по Ролан Гарос ќе игра и во финалето на Вимблдон
СледноПолувреме: Без голови по првите 45 минути во Ерменија