Србљак „запрен“ во второто коло!

51

Македонскиот тенисер Горазд Србљак не успеа да ја мине втората пречка на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска Бања. Тој загуби деенска од седмиот носител Федерико Бондиоли од Италија со 2-0 во сетови (61 62) за 1 час и 25 минути игра.

Ривалот на Србљак имаше максимална реализација на брејк шансите 5/5, додека Србљак имаше учинок 1/4. Во првиот сет Бондиоли поведе со 2:0 во гемови, а потоа Србљак постојано беше резултатска негатива. Вториот сет резултатски се одвиваше слично како и првиот со водство на италијанскиот тенисер од 2:0, кој потоа имаше водство и од 5:1 што беше само најава за негова победа.

Србљак е пријавен за настап и следната недела на турнир во Куршумлијска Бања.

ПретходноЗарем е можно? И дефинитивно Пикси останува селектор на Србија!
СледноФилип Поповски ќе биде делегат на финалето на ЕУРО 2024!