УЕФА реши да ги шокира сите кои сочувствуваат со жртвите на геноцидот во Сребреница. Образложение за ваквата одлука пристигна од ФК Сараево.
На денот на комеморацијата на геноцидот во Сребреница, ФК Сараево ќе одигра европски натпревар во Казахстан против Актобе. Се работи за дуел од првото прелиминарно коло од Конференциската лига.
Во оваа прилика, тимот на Бордо планираше да игра со Цветот на Сребреница на дресот, симбол на најголемото злосторство во Европа по Втората светска војна.
Сепак, УЕФА ја забрани употребата на знакот на дресот и нареди да се покрие симболот на Сребреница, како што соопштија од таборот на повеќекратниот шампион на БиХ.
„Признавајќи го фактот дека натпреварот од Конференциската лига против Актобе е закажан за 11 јули, ФК Сараево планираше да го истакнат симболот „Цветот на Сребреница“ на дресовите во спомен на жртвите од геноцидот во Сребреница.
Во согласност со правилата на УЕФА, изгледот на дресот беше прифатен од Фудбалскиот сојуз на БиХ, кој официјално го пријави таквиот дрес во УЕФА. Дополнително, ФК Сараево на 25 јуни испрати посебно барање до УЕФА да ни дозволи да го користиме овој дрес.
На три дена пред натпреварот, УЕФА доби официјален одговор на нашето барање, во кој беше наведено дека немаме дозвола да го додадеме овој симбол на дресот, а играчите можат да користат црни ленти на раката“, се вели во соопштението на ФК Сараево.
Бидејќи во тој момент дресовите биле веќе подготвени, клубот за ова ја известил УЕФА, која наредила да се „покрие“ испечатениот симбол.