Франција во проблеми: 29-годишна ѕвезда повеќе не сака да игра за репрезентација

1312

Кингсли Коман на Европското првенство во Германија одигра 16 минути. Неговата Франција беше елиминирана во полуфиналето од Шпанија (1:2), а Коман ги одигра своите 16 минути во групата против Холандија (0:0). На другите натпревари тренерот Дидие Дешамп не му даде шанса. Поради ова брзоногиот напаѓач би можел да стави крај на репрезентативната кариера.

L’Equipe пишува дека Коман е разочаран бидејќи направил се за да биде подготвен за ЕП по бројните повреди. Коман минатата сезона одигра 27 натпревари за Баерн. Имаше пет гола и три асистенции, а на теренот мина 1.737 минути. Французите пишуваат дека Коман не планира долго да игра фудбал и дека тоа може да ја забрза неговата одлука да се повлече од репрезентацијата.

Коман за Франција има 57 настапи и осум гола. Со репрезентацијата загуби во финалето на Евро 2016 и Светското првенство во 2022 година. Во својата кариера играше за ПСЖ, Јувентус и Баерн и освои се што требаше да се освои. Во Баерн е од 2015 година.

ПретходноШК Мулти Есенс се позиционираше меѓу фаворитите по пет одиграни кола
СледноУЕФА му забрани на ФК Сараево да го користи цветот од Сребреница!