Полуфиналниот натпревар од Копа Америка меѓу Уругвај и Колумбија заврши со неочекуван пораз на еден од најголемите фаворити за освојување на натпреварувањето, а уругвајските фудбалери и по натпреварот беа во центарот на вниманието. Кога заврши натпреварот, а тие се преселија на трибините за да се збогуваат со своите најблиски, дојде до тепачка во која доминираше офанзивецот на Ливерпул, Дарвин Нуњез.
Фудбалерите на репрезентацијата на Уругвај не се степаа со противничките играчи, туку со навивачите на Колумбија. Според капитенот Хозе Марија Хименез, нивните семејства на трибините биле во опасност бидејќи наоколу имало многу навивачи на Колумбија и морале да направат нешто околу тоа.
„Ова е катастрофа. Организаторот требаше малку повеќе да се грижи за нашите семејства, имаше и мали деца. Не ни дадоа да зборуваме преку микрофон. Нашите семејства беа загрозени“, рече капитенот на Уругвај во својата прва изјава. после натпреварот.
Само неколку десетици секунди претходно и тој беше дел од тепачката против навивачите на Колумбија. Сите играчи на Уругвај се најдоа пред своите најблиски, кои се обидоа да ги заштитат од далеку побројните навивачи на Колумбија, кои го исполнија целиот сектор на стадионот.
На видеата кои ги преплавија социјалните мрежи може да се види Дарвин Нуњез кој зачекори напред и во име на целата екипа удри неколку тупаници кон навивачите на Колумбија. Очигледно, не му е непознат ниту овој стил на борба, бидејќи може да се види како еден навивач се повлекува по ударот, а самиот Дарвин издржал неколку удари. Некои извори посочуваат дека избраничката на Федерико Валверде била удирана со шише во главата, додека во рацете држела дете.
Uruguay players have entered the stands and a fight has broken out between fans and players pic.twitter.com/XRbte2ibiy
— FOX Soccer (@FOXSoccer) July 11, 2024
In another life, Darwin Núñez would’ve been a cage fighter pic.twitter.com/D2ScJF8uS7
— Football Report (@FootballReprt) July 11, 2024