Англија втор пат по ред е финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1, за пехарот ќе игра против Шпанија.
Хари Кејн го започна пресвртот на Англија за да го постигне својот трет гол на турнирот. На овој начин стигна до бројката од девет гола во нокаут-фазата на големите натпреварувања, односно светските и европските првенства и затоа стигна до самиот врв на историскиот пласман.
Ниту еден Европеец во историјата нема постигнато девет гола во нокаут фазата на двете натпреварувања, а Кејн може да го освои првиот трофеј во кариерата во финалето против Шпанија во недела.