Сензационална вест од Србија. Според медиумите во таа земја, донесена е одлука Драган Стојковиќ Пикси и натаму да биде селектор на репрезентацијата на Србија. И покрај скандалите, и покрај срамните настапи на неговите избраници, секако неговото тренерско непознавање, сепак тој и натаму ќе ја води селекцијата на Србија.
Навистина што треба да се случи за да овој човек добие отказ?
Ако е за некаква утеха за тие што навистина разбираат фудбал во Србија, тогаш тоа е дека ќе зема помала плата од тие 1.4 милиони годишно.
Интересно, Пикси во моментов има поголема плата од селекторот на Шпанија. Зема тешки милиони а само ја срами својата земја.