Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од еден милион денари, изгради детско инклузивно игралиште во Свети Николе.
Видеолотарија Касинос Австрија како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Нашата визија е да бидеме одговорни кон играчите, кон вработените, но и кон ранливите категории во нашето општество. Во текот на 10 години од нашето постоење, за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари. На територијата на Македонија реконструиравме 17 детски мултифункционални игралишта.
Едно од нив е и детското инклузивно игралиште во Свети Николе, кое беше изградено со донација од 1 милион денари. Ова игралиште е модерно и инклузивно, на кое децата може да играат и да се дружат. Игралиштето има гумиран под на кој се поставени реквизити, комплетно безбедни за сите деца, а околу игралиштето е поставена ограда. Игралиштето овозможува пристап и можности за забавување и на дечињата со попреченост, со што се овозможува инклузивност. Наша цел е сите деца да добијат еднаква шанса за забавување и безгрижни детски денови.
Во Свети Николе, ова е второ игралиште, обезбедено со донација од Видеолотарија Касинос Австрија. Претходно, со донација од 3,284,019 денари, беше ставено во функција мултифункционално детско игралиште. Тоа беше игралиштето на кое како дете своите спортски вештини ги развивал Кире Лазаров. По реконструкцијата, на ова игралиште, може да се игра ракомет, кошарка, фудбал.
Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.
#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ