Македонската младинска машка репрезентација одигра реми (24-24) против Хрватска во рамките на второто коло на ЕП во Целје. Нашите надежи одиграа возбудлив меч, со бројни пресврти. Паднаа во последните десет минути од првото полувреме, а потоа од 35 минута целосно се издигнаа и се вратија од седум гола негатива, на крајот ремито се чини е најдобро сценарио.
Шуелски и Димитар Узунчев со по шест гола беа први стрелци, Брестовац имаше четири одбрни, додека Галевски седум, тој беше и причината за кам-бекот на Македонија по големата негатива на стартот на второто полувреме.
Денешната пресметка беше поинаква, пред „црвено-жолтите“ стоеше далеку посилен состав, кој беше еднакво мотивиран по поразот на стартот. Избраниците на Раде Стојановски добро се држеа до пред 20 минута по која влегоа во голгетерска криза, но и покажаа низа слабости во одбраната.
До овој момент, Македонија добро се држеше, поведе со 4-2, 5-3 и 6-4. Токму по овој резултат, младинците ја пропуштија првата шанса да поведат со плус три, втората ја имаа на средината на првото полувреме, по што Хрватска израмни на 8-8. Во период со две исклучувања, и двајца играчи помалку на теренот цели три минути, Македонија успеа на момент да остане на цврсти ноза, поведе на кратко со 9-8, а потоа следеше една серија на противникот од 1-7 за 10-15 на одморот. Стојановиќ направи промена на голот, почна Брестовац, па влезе Галевски, но овој период од 30 минути нашите голмани беа скромни, со вкупно три одбрани.
Само еден гол во пет минути дадоа нашите ракометари по одморот, а примија три, за негатива од седум гола 11-18 на стартот на второто полувреме. Се чекаше помошта од голманите, тоа се случи. Галевски влезе во серија на одбрани, доволно да им даде ветер во грб на своите соиграчи. Македонија целосно се издигна со серија од 9-1 успеа да поведе со 20-19 во 49. Одбраната беше цврста како на почетокот на мечот, што пак беше причина за бројните изнудени технички грешки на Хрватска.
Противникот после цели 15 минути успеа да реализира (еден гол од игра и еден пенал) за 20-21 и голема неизвесност на дуелот. Македонија во 51 минута имаше играч помалку. Хрватска ја имаше минималната предност од еден гол која нашите ракометари брзо ја топеа. По голот на Димитар Узунчев за 22-22, Карасманакис не реализираше за враќање на водството, тоа го стори противникот (22-23) на пет минути до крајот. Митев врати за 23-23. Момците Стојановиќ не искористија два напади, еден од нив за водство, па противникот поведе со 23-24 во 57 минута, но на голема среќа направи техничка грешка и не дојде на плус два. На минута и пол до крајот, Димитар Узунчев израмни на 24-24. Останаа 50 секунди до крајот, Хрватска не реализираше, Стојановиќ повика тајм-аут. Останаа пет секунди за нападот на Македонија, за жал недоволно за победа.
Следниот против е селекцијата на Австрија, мечот се игра за два дена.