Тоа е тоа (не)искуство со настапите во Европа. На пауза се замина со водство на Бреидаблик од 0:2, иако Тиквеш имаше барем три големи шанси, оние на Ѓорѓиев, Стојкоски и Спахиу, но не успеа да ги искористи а Исланѓаните тоа вешто и рутински го користеа па така од три удари постигнаа два гола.
Прво В. Еинарсон во 13. минута постигна гол откако топката дојде до него и не му беше тешко да стрела во празната мрежа. Во 30. минута Кристиансон од лево постигна убав гол за удвојување на водството по првите 45. минути во првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции.