Браво за Лина Ѓорческа, браво за нашата најдобра тенисерка. Имено денеска во Рим, Лина успеа во крајно драматичен меч од 1/4 финалето да слави со 2:1 (6:4, 5:7 и 7:5) да ја победи Варвара Лепченко и со тоа да се пласира во полуфиналето.
Зошто едноставно кога може слободно. Ова се однесува на овој меч ако се знае дека при водство од 1:0 во сетови, Лина во вториот имаше речиси добиен сет, само требаше да финишира за победа, но ете не успеа.
Во третиот вистинска драма која на крајот заврши со триумф на Македонката.