Некогашниот француски репрезенативец Криштоф Дугари не се согласува со анализите на дел од француските аналитичари кои велат дека е време Гризман да замине од репрезентацијата. Светскиот шампион со Фанција од 1998 година не се согласува со Жером Ротен, кој изјави дека е време фудбалерот на Атлетико да ја заврши кариерата во француската репрезентација.
„Како можете да сакате момчето кое постигна 24 гола и даде 8 асистенции во една сезона да ја заврши репрезентативната кариера? Мислам дека е непочитување да се каже дека имаше лош турнир, дека не е на нивото, дека веќе го одиграл своето. Тој е зрак светлина во францускиот тим на последните турнири. И ако не го повикаме Гризман, кого ќе повикаме на негово место? – прашува поранешниот француски репрезентативец.