Бисерот на Барса, на Шпанија, но и на светскиот фудбал, Ламине Јамал утре ќе полни 17 години. По тој повод, но и по се она што фантастичниот тинејџер досега направи на ЕУРО, како и во пресрет на неделното финале, секако е во центарот на вниманието медиумите.
По онаа фотографија со Меси како Лео го држи бебето Ламине, секако дека имаше прашање до него дали некогаш ќе го престигне најдобриот фудбалер во историјата според многумина:
„Споредба со Меси? Никој не се противи на тоа, но ве молам не ме споредувајте со Меси. Јас никогаш нема да бидам како него. Тој е најголем играч во историјата. За таа фотографија со него јас не знаев се додека не ја видов. Мојот татко ја сочувал таа фотографија од пред 16 години. Јас не сакав прв да ја објавам за да не се сфати погрешно дека сега се споредувам со Меси“ посочи Јамал.