Пикси останува селектор на Србија: ЕУРО беше неуспех, но не и дебакл!

172

Денеска во Стара Пазова се одржа состанок на Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Србија на кој беше одлучено селекторот на фудбалската репрезентација Драган Стојковиќ да го продолжи мандатот на клупата на „орлите“ на претстојните натпревари во Лигата на нации, како и во квалификациите за СП 2026 година.

Србија го заврши натпреварувањето како последнопласирана екипа во групата Ц со два освоени бода во конкуренција на Англија, Данска и Словенија, а селекторот Стојковиќ овојпат поднесе извештај не само до Српската фудбалска федерација, туку сега е достапен и за пошироката јавност.

Според него овој резултат е неуспех, но не и дебакл. Како една од причините за тоа што оваа репрезентација одигра под очекувањата се индивидуалните грешки.

Она што е доста интересно што неговиот извештај е достапен за јавноста.

ПретходноГо поврзуваа со Барса и Баерн, Чави Симонс пред неочекуван трансфер!
СледноПретседателот на аргентинската федерација ангажирал човек да му ја брише потта (ВИДЕО)