Преговорите меѓу Болоња и англиски Арсенал за потписот на новата италијанска ѕвезда, Рикардо Калафиори се заглавени откако италијанскиот клуб се обиде да ја зголеми сумата која ја бара за трансфер на 22-годишниот дефанзивец.
Сумата која ја бара Болоња сега е 50 милиони евра. Понудата на лондончани делумно ги исполнува условите, бидејќи нудат 40 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.
Калафиори веќе ги договорил личните услови со премиерлигашот, но двата клуба допрва треба да постигнат официјален договор. Од раководството на Болоња работат на можноста за зголемување на фиксната сума на трансферот и помал бонус, а дополнително во договорот сакаат да вметнат и клаузула за натамошна продажба.